- Детали
-
Објавено: Среда, 11 Ноември 2020 14:02
М-р Елисавета Марковиќ[1]
Значењето на Етичкиот кодекс на архивистите
Апстракт
Целта на статијата е во кратки црти да направи осврт за важноста на дејноста на архивите и архивските институции како и значењето на архивската професија и постапувањето на архивските работници при ракувањето со архивските материјали и фондови. Работата на архивите и архивистите е високо одговорна, специфична и пропишана со низа законски одредби, начела и стандарди. Едно од начелата преку кое се детерминира постапувањето на архивските работници е Етичкиот кодекс на архивистите. Тоа е основно четиво за сите професионалци кои кон оваа професија пристапуваат со големо внимание и свесност за значењто и последиците при ракувањето, чувањето, заштитата и безбедноста на архивските записи, збирки и фондови.
Повеќе...
- Детали
-
Објавено: Петок, 11 Септември 2020 08:01
Развојниот пат на архивската дејност во Македонија е во непосредна врска со историјата на Македонија и македонскиот народ.
Зачетоците на архивска дејност на почвата на Македонија може да се бараат уште за време на античкото кралство Македонија, кога таа граѓа била чувана во познатиот Александриски архив. Во денешно време, со својата современа организираност и програмска ориентација, Државниот архив претставува мошне значајна историско-научна и културна институција, која што е една од главните столбови на нашиот национален идентитет, што ги чува и заштитува архивските документи и материјали и претставува ризница на колективната меморија и на националните вредности на македонскиот народ, најмногу поради тоа што го поврзува минатото со денешнината и создава основа и траен белег за нашата национална свест.
Државниот архив на Република Северна Македонија денес претставува современа архивска институција, со статус на управна организација, која врз научно-стручна основа врши инспекциски и експертски надзор врз работата на имателите и од нив го прима, го заштитува, го средува и обработува, го публикува и го дава на користење архивскиот материјал.

Повеќе...