Серија текстови од м-р Радојка Наумовска, член на ИО на ДОМ посветени на подигнување на свеста против родово базираното насилство.
Патријархатот е структуриран хиерархиски и бара јасна хиерархиска распределба на моќта и контролата. Мажите го заземаат своето место во хиерархијата на општеството во однос на нивните економски и деловни перформанси. За да може да се искачи на општественото скалило, мажот прво треба да докаже и покаже дека е способен да ја контролира примарната заедница што ја формирал – односно секундарното семејство. Затоа, вредностите прогласени од патријархалното општество го поддржуваат насилникот и ја нормализираат секоја форма на насилство како неопходна за контрола и надмоќ, ако и кога сите други опции не успеат, не се можни или се познати на главата на куќата.
Тогаш, точката на насилство ги прикажува насилните дејствија и тактики што насилникот ги користи за да ја одржи моќта и контролата во врската. Процедурите може да се вршат истовремено или сукцесивно, т.е. во исто време или една по друга. Секое насилно изразување, без разлика каква форма има, го ослабува капацитетот на лицето кое трпи насилство да се спротивстави на насилството.