Серија текстови од м-р Радојка Наумовска, член на ИО на ДОМ посветени на подигнување на свеста против родово базираното насилство.
Се користи кога не можеме да добиеме нешто што го сакаме на директен начин. Емоционалната уцена е изнудување преку потсетување на емоции, одговорност, должност итн. Тоа многу често прелудира на родово насилство. Најчесто го користат оние кои имаат исклучително ниска самодоверба и високо ниво на страв и несигурност.
По последниот чекор, процесот се повторува по одредено време со некои нови барања. Повторувањето најчесто се случува затоа што сме научени дека ако веруваме дека сакаме некого, треба да ги ставиме потребите на таа личност пред себе и да направиме компромиси за да ја одржиме врската. По првото попуштање, секој нареден пат тоа го правиме со сè помал отпор.
Емоционалната манипулација е секогаш знак за штетна врска, а понекогаш е и знак на насилство на почетокот.