Колумна на Елисавета Марковиќ – Месец на Розевата панделка

313122971 2087903711393801 1561531130935797462 n

Месец Октомври е меѓународен месец за подигнување на свеста за ракот на дојката или познато како месец на Розевата панделка – Pink Ribbon Month.Форумот на жени на ДОМ од своето формирање, дава целосна поддршка на кампањата за подигнување на свеста за постоењето на оваа болест, која според последните податоци од Светската Здравствена Организација (World Health Organization) претставува најчесто појавуван карцином на глобално ниво, сочинувајќи скоро 12% од новите случаи ширум светот.По тој повод, Форумот на жени на ДОМ спроведе мала анкета со цел да ги информираме граѓаните и истовремено, да дознаеме дали и колку се зпознаени со значењето на „розевата панделка’’ .При спроведувањето на анкетата беа поставувани повеќе прашања во двете насоки, што претставуваше интересно искуство во однос на поставуваните прашања и добиените одговори.Во продолжение одвојуваме неколку од прашањата и одговорите, за кои според нашето видување, имаше најголем интерес. Што е Месец за подигнување на свеста за ракот на дојка?Месецот за подигнување на свеста за ракот на дојка е годишна меѓународна здравствена кампања организирана од голем број добротворни организации, секој октомври да се посвети за зголемување на свесноста за болетса, собирање на средства за истражување на причините за појавата на болеста, превенција, дијагноза, третман и лекување. Која е историјата и потеклото на Розевата панделка?Потеклото и симболиката на розевата панделка датира многу пред означувањето на месец Октомври за месец за подигнување на свеста за ракот на дојката. Во 1979 година сопругата на заложник во Иран, врзала жолти ленти околу дрвјата во својот двор, како симбол да ја сподели својата желба сопругот да го види безбедно дома вратен. Неколку години подоцна, активистите на СИДА, иснпирирани од значењето на жолтите ленти го употребија како подршка за војниците кои се борат во Заливската војна, со тоа што бојата беше сменета во светло црвна. Со тоа панделките станаа синоним за добротворни цели, толку многу што весникот Њујорк Тајмс 1992 година ја прогласи за година на панделката. Зошто Розева лента?Во 1992 година, главниот уредник на мгазинот Селф, Г-ѓа Александра Пени, работејќи на годишната ревија на списанието за месецот за подигнување на свеста за ракот на дојка, како гостин ја поканува Евелин Лаудер како Виш корпоративен потпретседател на козметичката куќа Estée Lauder и преживеан пациент со рак на дојка, која даде подршка за борбата против оваа болест преку дистрибуција на панделките како симбол за добротворни цели, со тоа што лентите беа обоени во розево (pink ribbon). Од тогаш Розевата панделка е синоним за подигнување на свеста за постоењето на болеста. Дали само кај повозрасните жени се јавува болеста?Статистичките податоците за возрасната граница од заболување со карцином на дојка, за жал укажуваат дека болеста може да се појави кај малди жени и девојки. Во последните десетина години евидентиран е значителен пораст на бројот на заболени пациентки на возраст помеѓу 35-та и 45-та година. Најмладата девојка дијагностицирана со оваа болест во државата е на возраст од 19 години. Дали користењето на контрацептиските таблети го зголемува ризикот за појава на болеста?Примањето на хормонални таблети е еден ризик-фактор за појава на рак на дојка и рак на јајниците. Сепак, со новите технологии и состав на контрацептивните таблети содржат минимално количество на хормони неопходни за добивање на контрацептивниот ефект и се значително побезбедни за употреба. Дали носењето на градник го зголемува ризикот за појава на карцином на дојка?До сега не се познати релевантни показатали за поврзаноста од носење градник и појавувањето карцином на дојка. Секако градникот треба да се бира согласно големината и обмот на дојките и се препорачува да се од природни материјали. Дали има поврзаност на генетска поврзаност и предизпозиции за појавата на рак на дојка?Ризикот за појавување на болеста е секако повисок кај индивидуи кои имале позитивна фамилијарна анамнеза, но секако тоа не е правило. Развивањето на карцином на дојката зависи од голем број на други фактори кои не се поврзани со генетските предиспозиции. Испитувањата покажуваат дека само 20% од карциномите на дојка се генетски поврзани. Која е најдобра метода за третман на ракот на дојка?Постојат повеќе медицински третмани за лечење на ракот на дојката, што зависи од типот на ракот и стадиумот на болеста. Но секако, за успешно справување и лечење на болеста многу важно е раното дијагностицирање. Колку порано се открие и дијагностицира туморот, шансите за комплетно излекување се поголеми. Со напредокот на медицината е овозможено и рано откривање и поставување дијагноза, а со тоа и поуспешен исход од лекувањето.Ова се само дел од прашањата на кои со заеднички разговор и наше истржување дојдовме до одговори.Но состојбите со справувањето, лечењето и пост третманскиот период кај пациентите заболени со Карцином на дојка се многу посложени и влијаат не само врз здравствената туку и врз социјално психолошката состојба кај пациентите и нивните семејства.Заклучокот е дека имаме потреба од организирано и масовно споделување запозанвање на населението за важноста од раната дијагностика, за што се поттикнуваат сите засегнати институции и организации со свој придонес да земат учество за зголемување на свесноста кај женската популација, за редовни и почести контроли.Инвестициите во превенција на ракот, раното откривање и контролата на ракот преку организирани програми и скрининзи е од клучно значење за да се помогне и да се спаси животот. Да не заборавиме дека импликацијата на буџетот и на пациентите и на државата е доста помал доколку ракот се лекува во ран стадиум.М-р Елисавета МарковиќФорум на жени на ДОМ