Форумот на жени на ДОМ со поддршка на членовите на Централниот Одбор ја спроведе акцијата за ВОВЕДУВАЊЕ НА КВОТА ОД 50 + % ЖЕНИ ЗА УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ТЕЛА, што е дел од програмските заложби на ДОМ и Форумот на жени на ДОМ:
- Измени на Изборниот Закон со воведување на квота за најмалку 50% жени, на избирачките листи за парламентарни и локални избори и квота за најмалку 50% жени кандидатки за градоначалнички
- Воведување квота за најмалку 50% жени министерки во Владата
- Воведување квота за најмалку 50% жени во управни и надзорни одбори, комисии и тела во надлежност на централната и локалната власт