Претставнички на Форумот на жени на ДОМ, Претседателката на Форумот на жени на ДОМ со Претседателката на ДОМ Маја Морачанин учествваа на маршот што се оддржа по повод одбележувањето на 8 Март Меѓународниот ден на жената и нејзината борба за независност и равноправност. Маршот за правата на жените под мотото „Ти не си виновна!“ се одржа во организација на Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, кои четврта година по ред организираат „Марш за правата на жените“, а Форумот на жени на ДОМ секоја година ја поддржува оваа актовност. Маршот за правата на жените се одвиваше според однапред определена рута, тргнувајќи од плоштадот Филип Втори, преку Камениот Мост, Плоштад Македонија, а заврши во Паркот Жена Борец.