Македонија гласа за промени – листа број 4

ДОМ е дел од опозиционата коалиција што ја предводи СДСМ  која се наоѓа на гласачкото ливче под број 4.

Тоа е коалиција од партии со лева и центристичка ориентација, како и од граѓански активисти, кои во изминативе 2 години  се бореа заедно во рамките на Платформата за демократска Македонија.

Веруваме дека не овие избори ќе започне процесот на демократизација на земјата што ќе значи независни институции, пристап до правдата, слобода на говорот, почитување на човековите права и слободи, како и квалитетни сервиси за граѓаните во сите области на живеењето. Македонија има голема шанса за демократски исчекор и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.