„Зелената економија и зелените работни места се еден од петте главни приоритети на ДОМ и тие се дел од изборната програма и понуда и ветување за овие парламентарни избори“- вели претседателката Поповска. „Озеленување на балканските економии“ покажа дека зелените политики го обединуваат Балканот и Европа и дека главна заложба во таа насока треба да биде трансформирањето на економијата со нов концепт заснован врз обновливите енергии и напуштање на фосилните горива, енергетска ефикасност, заштита на животната средина, како и почитување на одредбите и насоките од Климатскиот самит во Париз. Зелената економија е можност за отворање илјадници нови зелени работни места во користење онбовливи енергии, енергетска ефикасност, еко-туризам, производство на здрава органска храна, како и современо управување со водите и отпадот, според концептот НУЛА-отпад.
ДОМ, доби силна поддршка за своите предизборни активности и за својата Зелена програма со која настапува на овие избори од страна на Европските Зелени и од Балканските зелени партии. Во поддршка на кампањата на ДОМ дојдоа 9 сестрински зелени партии, како и долгогодишната пратеничка и поранешна министерка за животна средина од Брисел, Белгија- Евелин Хајтеброк која е и членка на извршниот комитет на Европската Зелена Партија.