Потпретседателот на МОДОМ, Блаже Јосифовски беше реизбран за член на Извршниот одбор на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа. На Генералното собрание кое се одржа од 20 до 23 февруари 2014, покрај делегатите од 14 земји беа присутни и преставници на Зелените од Швајцарија, Каталонија, Австрија и Норвешка.
Покрај преставникот на МОДОМ во Извршниот одбор влегоа и преставници на Зелените од Ерменија, Белорусија, Србија, Хрватска и Германија, а Младите екологисти од Франција, кои во моментов работат на камппањата на Кристоф Најдовски, кандидатот за градоначалник на Париз, од делегатите беа избрани за партнер организација.
На собранието беше усвоен Планот на активности за 2014 година како и буџетот кој е потребен за нивна реализација. Веќе следниот месец во Стразбург стартува реализацијата на студиската посета во Стразбург, Франција која ЦДН ја организира во соработка со Федерацијата на млади европски зелени, а дел од тимот кој го организира овој настан е и Блаже Јосифовски. На лето се подготвува најголемиот летен камп во Грузија на кој се очекуваат стотина учесници од цела Европа.