
На 20.07.2024, претставници на Global Young Greens се сретнаа со делегација од Младинската организација на Демократска обнова на Македонија (МОДОМ).
Средбата, на која присуствуваа ко-претседателката на ДОМ, Ана Угринска и Јасмина Лескаровска, член на извршниот одбор на ДОМ, беше посветена на значењето на соработката помеѓу младинските организации во креирањето на зелени политики.


Претставниците на Global Young Greens добија важни информации за политичкиот контекст во Р. С. Македонија, како и за актуелните состојби, активности и предизвици на ДОМ и МОДОМ во наредниот период.
Во текот на разговорот, се споделија идеи и искуства, при што се истакна важноста на овој настан за поддршка на младинското учество во политичкиот активизам и развојот на одржливи заедници.
На крајот од средбата беше заклучено дека развојот и креирањето на зелените политики со активна вклученост на младинските организации во домашни и меѓународни рамки ќе продолжи да се унапредува и во наредниот период.