ДОМ:Поддршка за спас на Водно

По повод денот на пролетта, членови на ДОМ и претседателката Лилјана Поповска, денеска ја потпишаа петицијата за спас на Водно. Со поддршка на оваа граѓанска иницијатива ДОМ уште еднаш ги потврдува своите заложби за заштита на „скопските бели дробови“ од урбанизација, дива сеча и лизгање на земјиштето.

ДОМ и понатаму бара да се запре урбанизацијата на Водно и да се спречи нарушувањето на животната средина на Водно и неговата околина.

ДОМ ги повикува своите членови, а и сите граѓани на кои им значи Водно да ја поддржат граѓанската иницијатива.