МОДОМ на студиска посета во Стразбур

Членовите  на МОДОМ Кристијан Балески и Бојан Петровски од 16-23 Март земаа учество на студиска посета на тема „Open source- Open Mind“ во организација на CDN – FYEG во соработка со Оделот за млади при Советот на Европа. Семинарот се одржа во седиштето на Младинскиот центар при Советот на Европа во Стразбур, Франција.

Целта на студиската посета беше учесниците да научат како да употребуваат отворен софтвер како моќна алатка која ќе им помогне на младинските организации флексибилно и сигурно да комуницираат и да ги остваруваат своите цели. Голем дел од семинарот беше посветен на правата во дигиталниот свет и одразот на технолошкиот развој врз човековите права во Европа денес. Се обработуваа и методи на водење кампања, отворени алатки за активисти и организации, заштитена комуникација и енкрипција.

Учесниците од повеќе од 30 држави од цела Европа стекнаа вештини како да го користат интернетот за подобрување на демократијата и за унапредување на социјалната инклузивност во земјите и организациите од кои потекнуваат.

Во интернационалниот организаторски тим на оваа студиска посета се вклучи и Блаже Јосифовки, потпретседател на МОДОМ и член на ИО на ЦДН, а покрај него предавачи беа Мара Георгеску – советник за образование при Совет на Европа, Силвио Хајнце од Зелената партија од Австирија, Уна Хилдадотир од Исланд, Јулијан Хаусер од Швајцарија и Елизабет Терзиман од Молдавија.