Блаже Јосифовски од МОДОМ беше избран за член на ИО на Мрежата за соработка и развој на источна Европа за време на 4-то Генерално Собрание од 21-24 февруари 2013. На Собранието кое се одржа во Истанбул имаше учесници од младинските организации на Зелените од 13 земји и една партнер организација.
Првиот ден од програмата се состоеше од работилница за учесниците во рамките на која тие имаа можност да дискутираат што Зеленото значи за нив и истовремено да споделуваат идеи и искуства.
За време на официjалниот дел од Генералното собрание беше изгласана новата Стратегија за 2013-2015, исто така и Извештајот за изминатата година, како и акцискиот план за наредната, а беа и профатени некои од амандманите на документите како што е „Политичката платформа“ и „Интерните правила и процедури“
Мрежата се збогати со нова организација. Имено делегатите ја прифатија апликацијата на Гута Клаб од Молдавија. Беше избран и новиот ИО на ЦДН а во него покрај Блаже Јосифовски од Македонија влегоа и Ирина Оксењук од Украина, Хамо Аракелиан од Ерменија, Тео Абаишвили од Георгија и Марина Влајиќ од Србија.
Последниот ден учесниците ја поддржаа уличната акција која ја организираа Младите Зелени на Турција, а која преставуваше своевиден протест против изгласување на законот за заштита на природата и биодиверзитетот, кој дозволува погрешно толкување и нетранспарентно носење на одлуки.
Во неформалниот дел ЦДН прослави 10 години од своето постоење. Неколкумина поранешени членови на ИО на организацијата се придружија на забавата и ги споделија своите искуства и погледи на развојот на Мрежата во изминатите 10 години.