Во Белград од 26 до 31 Август 2012 се одржа тренингот за“ Зелен пасош – Одржливо знаење“поддржан од Советот на Европа, Европска Младинска Фондација, НВО „ Сите Различни – Сите Рамноправни“.Учесници од МОДОМ беа Симона Сарделиќ, Александра Масинова, Марин Цветков, Ана Видиниќ и Славица Димовска. На тренингот освен домаќините земаа учество и млади активисти од Албанија, Турција, Грција, Белорусија и Шведска.
Овој тренинг и воедно прирачникот кој беше изготвен за таа цел од страна на тимот, на чело со Александар Јовановиќ, има за цел активно да придонесе во заштитата на животната средина и одржливиот равој и да поттикне акции, со кои би ги информирале своите врсници за начините како да се приклучат во глобалните движења за зачувување на нашата планета.
На страниците на зелениот пасош после 6 дена активно патување низ различни области, учесниците се здобија со знаења и искуства за зелените вредности и принципи, одржливиот развој, човековите права и диверзитетот, Зелен политички активизам, тимска работа и комуникација, стратегија и планирање и последната сесија беше развивање на способности за одржување на слични тренинзи и трансфер на знаењето.
Тренингот се состоеше од активни дискусии меѓу учесниците, и различни игри, секоја со своја специфична це. Сите учесници се добија со сертификат за учество на семинарот, како и примерок од книгата-водич насловена како “GREENPASS – Knowledge for the next generation”.
Главната цел на тренингот беше да им го даде на младите она знаење, кое навистина им недостига, како да се борат со проблемите во локалните заедници и на кој начин треба да ги информираат и едуцираат луѓето и она што е најважно да ги вклучат во битката за животната средина.
Овој тренинг беше уште една можност за меѓународна соработка во рамките на која зелените активисти од различни организации го разменија своето искуство, делејќи си еден на друг практични совети како секој од нас може секој ден да „живее зелено“ и со мали промени на своето секојдневно живеење да допринесе во заштитата на животната средина.