МОДОМ во партнерство со НВО „Сите Различни – Сите Еднакви“ (All Different – All Equal) со поддршка на Советот на Европа – Европска Мадинска Фондација и Министерството за млади и спорт на Република Србија, од14-20 јули 2013год, во Авала – Белград, организираше тренинг под наслов „Youth movers and Shakers“.
На тренингот учествуваа 19 учесници од 9 европски земји. Целта на тренингот беше учесниците да се стекнат со знаење за зелениот активизам и начин на размислување; одржлив развој; човекови права и различности; создавање на тим и развивање на планови и стратегии.
МОДОМ беше партнер во овој проект, заедно со уште две организации од Хрватска и Белорусија. Потпретседателот на МОДОМ, Ана Видиниќ, беше дел од организаторскиот тим на овој настан.