Претставници на летниот камп на тема „Регенерирана Европа! Младински активизам, политичко учество и директна демократија“ од МОДОМ беа: Симона Сарделиќ, Магдалена Христова и Марија Михајловска. Кампот се одржа во планинарскиот дом Јанковац од 10 – 16 август, имаше 60 учесници од 27 земји, а целта беше да се поттикне дијалог помеѓу младите од организациите членки на ЦДНЕЕ, кои секој на свој начин иницирал или барем учествувал во големите социјални движења низ Европа. Ова беше можност младите да ги споделат своите искуства од активизмот од своите држави, да ги анализираат проблеми со кои се соочуваат кога се трудат да ги искористат постоечките канали на политичко учество и да се изборат со ограничувањето на учеството на граѓаните во социјалната и системска промена.
Сличностите на проблемите со кои се соочуваат младите но и сите граѓани на земјите од западна, средна, источна, југоисточна Европа, регионот на Кавказ и останатите постсоветски земји како и Балканот покажува дека демократскиот дефицит, корупцијата и популизмот се само симптоми на системскиот проблем кој не е лесно да се реши и дека интернационалната солидарност и вмрежување на иницијативите е нужен предуслов на нивно решавање.
Во текот на овој камп секој учесник имаше простор и прилика со сопствената креативност и работа да допринесе во создавањето на програмата, да го пренесе своето знаење на останатите учесници и да ги мотивира преку “приказни” за своите успеси и падови. Некои од темите на предавањата и работилниците кои ги одржаа учесниците беа следниве: родова еднаквост, политичко учество, директна акција, ненасилна комуникација, еколошки прагматизам, софтвер со отворен код во директна демократија и активизам, користење на социјалните мрежи. Во делот на role playing games http://www.youtube.com/watch?v=A8Lv4_1nRYg&feature=shareна забавен начин се прикажа симулација на избори со сопствени искуства, обид за постигнување на консензус во многуброен и различен состав.
Овој настан дополнително ја зацврсти и веќе постоечката врска помеѓу организациите членки на ЦДНЕЕ, но и отвори можности за соработка и учество во регионални рамки рамки.