Конференција: „Локални политики за Охрид: Чиста вода, воздух и урбанизација“

konferencziјa lokalni politiki
Конференција, Локални политики за Охрид

Демократска обнова на Македонија – ДОМ, НВО „Зелена планета за сите“ и Еколошко друштво „Грашница“ со задоволство ја најавуваат конференцијата „Локални политики за Охрид: Чиста вода, воздух и урбанизација“, која ќе се одржи на 14 декември 2024 година, со почеток во 12:00 часот, во хотел „Нова Ривиера“ во Охрид.

На конференцијата ќе се дискутираат клучни теми како што се заштитата на природните ресурси, справувањето со аерозагадувањето и предизвиците поврзани со урбанизацијата во Охрид и Охридскиот регион. Преку отворен дијалог, целта е да се отвори дискусија за креирање одржливи решенија кои ќе го зачуваат Охрид како природно и културно наследство.

Настанот претставува уникатна можност за граѓанските организации и сите заинтересирани чинители да ги споделат своите ставови и да придонесат за креирање зелени политики кои ќе гарантираат чиста вода, воздух и просторно планирање за Охрид.