ДОМ останува силен критичар на корупцијата во сите државни институции.После лишување од слобода на овластената градежна испекторка во општина Куманово за земање мито, ДОМ бара одговори од надлежните институци:
- дали правниот субјект ќе биде санкциониран за градење надвор од градежната дозвола,
- дали незаконски изградената градба ќе биде срушена,
- дали ќе се направи ревизија и на останатите испектирани градби од истиот испектор,
- конечно дали ќе се охрабрат овластените комунални испектори (или треба да се санкционираат за не спроведување на закон со умисла и интерес) да го применуваат Законот за зеленило на сите градби во општина Куманово и државата, каде е предвидено 20% од градежната парцела да биде зеленило.