Томас Вајц, европратеник од зелените известувач за ЕП за Северна Македонија

tomas waitz
Фото: Принтскрин

Австрискиот европратеник Томас Вајц ја презема улогата на нов известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија. На оваа позиција Вајц доаѓа на местото на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој речиси пет години ја извршуваше оваа важна функција.

Вајц е ко-претседател на Европските зелени во два мандати и меѓудругото одговорен за соработка и поддршка на зелените партии во Северна Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија.  Силен поддржувач на  Северна Македонија и Западен Балкан во евроинтеграциските процеси.