„Образованието не го менува светот, тоа ги менува луѓето кои ќе го променат светот“, Пауло Фреире
Во изминатите години, се повеќе образованието се споменува во негативна конотација. Во меѓународни извештаи за нашиот образоване систем, се нотирани сите слабости а не се малку и се суштински.Но факт е дека многу малку се зборува за нив, освен само еден аспект е предмет на дискусии, а тоа се меѓународните тестирања на нашите ученици во кое нашето образование е на дното од листата. И секако, први на удар се наставниците. А знаете зошто? Затоа што не сакаме да учиме од светот кој многу одамна го напуштил традиционален пристап на управување со квалитет, за кој единствен виновникот за лошиот квалитет на некој производ или продукт бил виновен само оној кој директно, непосредно учествувал во создавање на тој производ со што милиони работници ширум светот биле отпуштани од работа.
За разлика од тогаш, современиот пристап за управување со квалитет е комплексна категорија која зависи од тн 9М фактори (според англиската транскрипција Man,Motivation, Management, Maney, Measuring, Machines, Materials, Methods, Market) и тоа: човек,менаџмент, мотивација,пари,материјал, машина, метода, мерење, пазар. Ова се универзални фактори за управување со квалитет, применливи и во современа технологија на образовен процес .
ДОМ од своето постоење до сега, во сите свои програми укажува дека комплексноста на образовниот процес не зависи само од наставниците, туку и од сите други споменати фактори кои доведуваат до квалитативни излезни знаења од образовниот процес.
Свесни сме, дека образованието со години наназад стагнираше, од повеќе аспекти и колку и да се правеа обиди последниве неколку години со минимални покачувања, е недоволно за да се надоместат сите пропуштени години.
ДОМ верува, дека во образованието постојат силни човечки ресурси, наставници професионалци со интегритет , знаења и вештини кои успешно ги пренесуваат на младите генерации, справувајќи се со сите промени кои општеството ги носи и заслужуваат многу повеќе од ова што е сега. Од тие причини, ДОМ упатува апел до МОН и Владата да се интензивираат преговорите со СОНК и се изнајде решение за барањата на просветните работници.
Воедно ДОМ апелира дека крајно време е да го вратиме образование во колосек по кој се движат и ЕУ образовни системи. Да не дозволиме и поради слабите образовни политики да ни заминуваат младите во други држави.
Приоритетни заложби на ДОМ се:
1. Укинување на средно задолжително образование како што е ЕУ
Можеби намерата била добра кога во2007со 61 глас се изгласа задолжително средно образование а почна да се применува од учебната 2008 година.Тогашната опозиција, сегашна позиција, беа против ваквиот закон и оправдано, бидејќи од ова дистанца задолжителното образование не ги даде очекуваните резултати, напротив квалитетот опадна баш од таа причина што се наметна како обврска а не потреба за перманентно образување. Истото иницираше наплив на отварање на приватни високо образовни институции, кои се далеку под стандардите на она што значи високо образовна институција.
2. Промена на мерливост на вложениот труд.Неодржливо е неделен фонд за 1 наставна програма и за 3, 4 или 5 па и повеќе да се вреднува исто. ЕУ стандарди се три нивоа на фонд за часови. За природни, математички и технички науки е 15 часа, за општествени 18-20 а за останати од 20 до 22 час.
Од средните јавни училишта, 23 се гимназии; 43 се стручни; 33 нудат и гимназиско и стручно образование; 4 училишта се за ученици со посебни образовни потреби; и 5 се уметнички училишта. Евидентно е дека поголем број се стручни со голем број на сектори, струки и образовни профили што изискува наставниот кадар по стручни предмети да предаваат повеќе наставни програми, дури и до 7
Во моментов образованието се соочува со недостиг на наставници од природни математички и технички науки. Во иднина се очекува да расте дефицитот од овој кадар затоа што не е атрактивен за млади луѓе поради ниските плати.
3. Воведување на предмет во основно училиште во функција на соодветен и правилен избор (професионална орјентација) за понатамошно школување во средно образование.
Сите изминати години, учениците по завршување на основното образование се оставени без никаква стручна помош за правилен избор за понатамошно школување.
Во државите на ЕУ преминот од основно во средно се решава институционално, најчесто со едногодишно, а во некои земји како што е Финска и повеќегодишно изучување на посебен предмет, со кој учениците се запознаваат со севкупната економија во државата, индустриските капацитети,најбараните професии на пазарот на трудот, дури и висината на платите во одделни сектори.
4. Да се отпочне сега а до 2030 да се создадат услови за едно сменска работа на сите основни и средни училиштата.
5. Реформи на гимназиско образование, кредит систем, повеќе изборни предмети на сметка на задолжителни, промена на начин на полагање на државна матура, и уште многу други кои се опфатени со тн 9М фактори.
Комисија за образование на ДОМ