Средба на зелената партија ДОМ, со претставници на зелената партија од Данска SF

Во просториите на зелената партија ДОМ, членовите на Извршниот одбор и претседателката Маја Морачанин остварија средба со претставници на зелената партија од Данска.

🍀 На средбата се разговараше за поддршка и промоција на зелените вредности во двете земји.

🍀 Претседателката на зелената партија ДОМ изрази благодарност за поддршката од зелената партија во Данска и ја потенцираше важноста на споделувањето на исти вредности, искуства и визија за развој на нашата земја на патот кон ЕУ.