ДОМ: ЧЕСТИТ ПРАЗНИК – СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Овој ден – 8-ми декември им го посветуваме на Св.Климент и Наум Охридски и ја чествуваме нивната дејност и историска улога поврзана со Охридската книжевна школа.

Како македонски апостоли на просветата и духовноста тие имаат огромна улога во зацврстувањето на словенската цивилизациска свест на општествен, духовен и културен план.

Делото на Св.Климент и на Наум, како најдобри ученици на браќата Св.Кирил и Методиј, е цврст темел  на македонскиот културно-историски идентитет и претставува значаен патоказ за современата македонска духовна и културна традиција.

Нека ни е честит празникот Св.Климент Охридски – ден на просветителството и духовноста.