Поддршка на активностите во рамки на Текстилијада 4 во организација на невладината Гласен Текстилец

gteks

Денес заедно со Форумот на жени на ДОМ имавме прекрасна можност да присуствуваме и дадеме поддршка на активностите во рамки на Текстилијада 4 во организација на невладината Гласен Текстилец.

Токму Гласен Текстилец е еден од најголемите борци за правата на текстилните и кожарските работници во Штип, но и во целата држава, кои покрај борбата за правда, на работниците им овозможува и културна еманципација, преку активностите на КУЦ Текстил.
9 од 10 работници во овие две индустрии се жени. Унапредувањето на работничките права на жените е важно за просперитет на целото општество.