Денот без автомобили е ден кога се слави здравиот транспорт во еден град. Во обид да се намали загадувањето ДОМ се придружи во одбележувањето на Светскиот ден без автомобили (22 септември) и на Европската недела на мобилност (16-22 септември).
Оваа година тема на кампањата е комбинирање на различни видови на транспорт под мотото “Комбинирај и движи се“. Целта е да се подигне свеста на преголемото загадување на животната средина како и да се поттикне еколошки и здрав начин на живот. Барем еден ден во годината граѓаните да ги остават своите автомобили и да размислат за користење за здрав јавен транспорт како што е одење пеш, возење волосипед, тротинет или ролери.