ДОМ: ЧЕСТИТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ

Дом на сите граѓани им го честита големиот државен празник 11 Октомври, денот кога во 1941 година пукна првата пушка во Прилеп и Куманово и кога на територијата на Македонија народот го отпочна организираниот отпор против окупаторот. Со тоа започна и масовното и активното учество на партизаните во Македонија во борбата против фашизмот. 

Ова е светол датум во поновата историја на македонскиот народ, кој го означи и новиот почеток на нашата земја во рамките на југословенската федерација. Народно-ослободителната војна зеде многу жртви и изнедри многу борци и народни херои, на кои и денес со гордост се сеќаваме и им се поклонуваме заради нивната храброст и пожртвуваност за извојување на слободата и независноста и за создавање услови за идните генерации да живеат во мир и благосостојба.