Делегации на ДОМ во чест на 11 Октомври

По повод празникот 11 Октомври, денот на почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна во Македонија, претставници на ДОМ им оддадоа почит на паднатите борци со положување свежо цвеќе на спомениците во Скопје, Прилеп и во Куманово.

Делегација на ДОМ во состав Христа Најданов, генерален секретар, Љупчо Јаневски, организационен секретар и Марија Скуманова, секретар на МОДОМ, положија цвеќе на споменикот на Ослободителите на Скопје во Скопје.

Елизабета Сурлаџија, Бранко Дуковски и Миле Настески како делегација на ДОМ Прилеп положија цвеќе на Могилата на Непобедените во Прилеп, а Олгица Вељковиќ и Сретен Стојковски како делегација од ДОМ Куманово, положија свежо цвеќе на Спомен костурницата на паднатите херои за Македонија во Куманово.