Младинската организација на ДОМ, МОДОМ, од 1-3 септември 2017 во Крива Паланка го одржува годишното стратешко планирање.
Претставници од општинските организации и раководството на МОДОМ, во пресрет на локалните избори, ги утврдуваат активностите и го подготвуваат генералното собрание на МОДОМ, каде што ќе се избере ново раководство.
Во стратешкото планирање активно учество зедоа и претставници од неколку еколошки невладини организации. Присуствуваше и делегација од Извршниот одбор на ДОМ, во состав: генералниот секретар Христа Најданов, организациониот секретар Љупчо Јаневски и пратеничката Маја Морачанин, која ги поздрави присутните, нагласувајќи го значењето на младинските политики за развој на демократијата во Република Македонија.