ДОМ: Маја Морачанин за правата на жените во Европскиот Парламент

Претседателката на Форумот на жени на ДОМ Маја Морачанин, учествуваше на панел дискусијата организирана од европските Зелени во Европскиот Парламент во Брисел. Претставници од зелените партии, академската сфера и невладиниот сектор разговараа за родовата димензија на праведно оданочовување.

Родовата еднаквост е социјална правда и данокот е феминистичка тема – истакнаа зелените. Учесничките од Родовата мрежа за Зелените разменија искуства за понатамошно унапредување на родовите активности и правата на жените во нивните матични партии и држави