ДОМ: Телеграма за сочуство

По повод терористичкиот напад на аеродромот Кемал Ататурк во Истанбул ДОМ испрати телеграма за сочуство до Амбасадата на Р.Турција во Р.Македонија

Скопје, 29.06.2016

До Амбасадор на Република Турција Во Република Македонија

Почитуван Амбасадоре

Ние, членовите на ДОМ со згрозеност и со вознемиреност ги примивме вестите за крвавиот терористички напад на аеродромот Кемал Ататурк во Истанбул, изведени во текот на вчерашниот ден.

Длабоко жалиме за прерано прекинатите животи на турските граѓани и граѓани од други земји кои настрадаа во овој злосторнички чин. Упатуваме искрени сочувства до турскиот народ и до семејствата на загинатите и искрено се надеваме дека нема да бидеме сведоци на други вакви настани.

Уште еднаш се покажа дека тероризмот, како зло со кое се соочува човештвото, е закана за сите граѓани и за сите држави. Ова укажува дека врвен приоритет за сите нас стана заштитата на човечкиот живот. Запирањето на ова зло е возможно само со широка координација и соработка на сите одговорни општества, водејќи се од принципите на солидарност, толеранција и превенција од насилство.

Ние веруваме во силата и разумот на турските граѓани, дека по овие настани ќе бидат уште поподготвени за соочување со заканите и ризиците со кои се соочува Турција, но и Европа во целост.

Со почит

Сектор за односи со јавноста на ДОМ