Поповска на дебата за младински политики

Пратеничката на ДОМ Лилјана Поповска, заедно со пратеничката Лидија Димова, денес учествуваше на панел дебатата во ЕУ инфо центарот, организирана од страна на Младински Сојуз- Крушево, со поддршка на Europe for Citizens Програмата на Европската Унија. На дебатата се дискутираше за односот на пратениците кон младите и застапувањето на политиките во интерес на младите во парламентот. 

Оваа дебата беше во рамките на проект кој содржи и истражување на јавното мислење за успешноста на пратениците кое било спроведено на сите 123 пратеници. Лилјана Поповска и Лидија Димова се во малата група пратеници кои што добиле најпозитивно мислење од страна на граѓаните со над 40% позитивно мислење и со тоа се стекнаа со т.н. благодарница за застапување во парламентот.