МОДОМ СО МЛАДИТЕ ЕВРОПСКИ ЗЕЛЕНИ ПО БАЛКАНСКАТА РУТА

Претставниците на МОДОМ, Милан Николовски и Симона Сарделиќ, се дел од кампањата на Федерацијата на млади европски Зелен за заштита на правата на мигрантите со наслов #overthefortress (#прекутврдината). Целта на оваа кампања е да се документираат предизвиците и опасностите со кои се соочуваат бегалците одејќи по таканаречената Балканска рута. Кампањата се состои од два дела, првиот дел кој започна од 25 – 29 март кога е предвидена посета на бегалскиот камп во Идомени на грчко-македонската граница. Вториот дел од кампањата ќе се одвива на италијанско-австриската граница, на 3 април 2016 година каде преку мирен протест младите зелени од цела Европа ќе побараат отварање на европските граници.

Во продолжение целосното соопштение за медиуми на Младите зелени во Европа за оваа кампања:

Младите зелени од Европа му се спротивставија на новиот европскиот граничен режим и одат #overthefortress (#прекутврдината)

Што е #overthefortress?

#overthefortress е дво-делна мобилизација. Во рамките на првиот дел ќе се документираат искуствата на мигранти и бегалци на таканаречената балканска рута, илјадниците луѓе кои бегаат од војната и се заглавени во кампови во ужасни услови, поради неодамна затворените граници. Овој дел од кампањата трае од 25.-29.03 2016. Вториот дел од мобилизацијата е демонстрација на границата со Италија и Австрија, на 03.04.2016, од која ќе се испрати барање за отворање на европските граници.

Коj се ќе приклучи на мобилизацијата #overthefortress?

Широк спектар на невладини организации, “грас рут” колективи кои се веќе вклучени во одбрана на правата на мигрантите и се солидаризираат со истите, ќе учествуваат во  мобилизацијата. Политички актери кои учествуваат се: Федерацијата на млади европски Зелени и центрите за социјална работа на северо-источниот дел на Италија, особено на Падова и Венеција. Активисти од Чешка, Австрија, Германија, земјите од поранешна Југославија и Финска се дел од групата на Федерацијата на млади европски Зелени, како и австриски анти-фашистички групи.

Зошто караван на Балканот?

Документирање на она што се случило кога земјите на Балканот, поттикнати од слични одлуки на богатите западни европски метрополи, ги затворија своите граници е од суштинско значење; илјадници бегалци во шатори и во нехумани услови. Тие ќе бидат  спречени да аплицираат за азил, а тоа е нивно полноправно прaво.

Зошто италијанско-австриската граница?

Кога Балканската рута е затворена, луѓето се упатуваат кон Италија, а отворање на италијанско-австриската граница ќе им овозможи на овие луѓе да се движат кон земјите во кои планираат да аплицираат за азил.

Зарем тоа не е безбедносен ризик да им се овозможи на луѓето да влезат во Европа?

Намерата на мобилизацијата е да се отворат правни начини за влез во Европа, такви какви што ќе им овозможат на луѓето, под контрола и регуларни услови да пристигнат во Европа и да аплицираат за азил. Најголем ризик за безбедност кој може да се замисли е сегашниот, каде што голем број на луѓе се принудени да ги преминат границите со помош на шверцери.

Она што доаѓа по мобилизацијата?

Ова е само првиот чекор во насока на градење на Европа на луѓето-граѓаните. Европската политичка класа – левицата и десницата – не успеа да најде други решенија за оваа сериозна (дури и историска) криза предизвикана од затворањето на границите. Сега е време за вмрежување на граѓаните и заедничко делување. Субјектите кои ја изградија и остварија мобилизацијата  #overthefortress се клучни во овој процес.

Повеќе информации за #overthefortress: http://fyeg.org/news/young-greens-go- overthefortress