ДОМ: Лидерите на ДОМ и ЛДП за хаосот во избирачкиот список

Лидерите на ДОМ и ЛДП, Лилјана Поповска и Горан Милевски, на средба во Битола разговараа за хаосот во избирачкиот список и се согласија дека само со кредибилен список може да се одржат кредибилни избори.

Изразија загриженост поради ноншалантноста на ДИК со која тврди дека за 7 дена ќе ги провери спорните гласачи, иако нема согласност колку изнесуваат – дали се 340.000, 230.000 или 80.000? Се согласија дека со непречистен избирачки список и нерегулирани медиуми не се создадени елементарните услови за фер и демократски избори во јуни.

И ДОМ и ЛДП имаат изградено јасен став дека за целосна демократизација на земјата ќе биде потребна промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи.