Маја Морачанин-претседателка на Форумот на жени и Симона Сарделиќ-член на Извршниот одбор на ДОМ учествувашаа на 11-та Централно Европска конференција за Зелени локални политики, што се одржа од 22 до 24 октомври во Виена.
Учествуваа и претставници од Зелените партии од Австрија, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Воведни излагања имаа Моника Вана-европратеничка и Урлике Луначек-потпретседателка на Европскиот парламент од Австриската Зелена партија.
Маја Морачанин имаше излагање на панел дискусиите на тема: “Европски миграциски движења-избор или принуда?” и “Авторитарни тенденции во Централна и Југоисточна Европа и нивниот ефект на локалните политики”. Со постер презентација учествуваше и на темата “Добри практики од присутните држави”. Со европратеничката Моника Вана, имаа заедничко интервју за Австриската Прес Агенција, на прашања поврзани со бегалската криза.
Заеднички заклучок на учесниците на семинарот беше потребата за понатамошно унапредување на соработката и размена на искуствата помеѓу Зелените партии во Европа.