Модом изразува силна поддршка за средношколците во вчерашните случувања кои имаа за цел да потсетат на барањата кои тие ги имаа уште во месец јули.
Сметаме дека дијалог помеѓу Министерството за образование и наука и средношколците е единствен начин со кој може да се надмине оваа ситуација и се донесе заедничко решение кое ќе ги задоволи двете страни, и ќе им го овозможи на младите во Македонија квалитетното образование кое го заслужуваат. Истовремено, изразуваме загриженост поради оневозможување на правото да излезат со своите соученици и на мирен протест го изразат своето незадоволство. Заклучувањето на учениците во училиштата и одземање на мобилни телефони нема да го реши проблемот, напротив ќе го зголеми револтот кај младите.
Со почит,
Сектор за односи со јавноста на МОДОМ