МОДОМ: Пратениците да ја дадат својата подршка за предлог-измената на Законот за спречување и заштита од дискриминацијата

Во македонското законодавство Законот за спречување и заштита од дискриминација постои од 2010 година и во истиот недостасува сексуална ориентација и родовиот идентитет како основ за дискриминација.

Во текот на последнте три години Македонија беше повикана во повеќе наврати од еминентни институции од Европа да направи дополнување на Законот, со цел постигнување законска усогласеност на македонското законодавство за антидискриминација со европското и ќе се зацврсти кредибилитетот на земјата со меѓународната заедница,имено во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата за 2012 и 2013 година изрично бара “…целосно услогласување на македонското законодавство за антидискриминација со европското.”
Предлог измената на Законот за спречување и заштита од дискриминација беше поднесен од страна на пратеничката Лилјана Поповска во јули месец и истиот е на дневен ред во Собранието на РМ на 24 август (понеделник).

МОДОМ смета дека неговото донесување е од исклучителна важност меѓудругото затоа што истиот ќе пропише експлицитно забрана на секаков вид дискриминација брз основа на сексуална дискриминација и родов идентитет со што припадниците на Заедницата ќе можат да ги уживаат основните човекови права за кои МОДОМ секогаш се залага.