Излез од политичката криза е можен само со голем пакет мерки со политички и правен дел. Во политичкиот дел е преодна Влада со мандат за ревизија на избирачкиот список, изборниот модел и работењето на институциите клучни за правната држава, како и враќање на опозицијата во Парламентот. Во правниот дел е оставка на Јавниот обвинител и избор на нов со консензус, кој ќе ги отвори сите проблематични случаи,“ рече Лилјана Поповска при посетата на општинската организација на ДОМ во Штип.
Посетата е во рамките на обиколката на партиското раководство на општинските организации на ДОМ по излегувањето од владината коалиција и самостојниот настап во Парламентот, во функција на подготовка за претстојните предвремени парламентарни избори.
Со почит ,
Сектор за односи со јавност на ДОМ