ДОМ: Решен проблемот со пресудите на над 15000 невработени лица

ДОМ изразува големо задоволство што Собранието го прифати законот со кој се решава сериозниот системски проблем и се исправа неправдата кон над 15000 невработени лица за давање непрецизни изјави за годишните приходи пред Фондот за здравствено осигурување.

Со ова се потврди дека вредела упорноста на оштетените граѓани и невладините организации, меѓу кои пред се на Ленка и РОМА СОС, кои укажуваа на проблемот.

Да потсетиме, закон со идентично значење е поднесен од група пратеници во редовна собраниска процедура на 3 јуни 2015 година (Лилјана Поповска, Павле Трајанов, Роза Топузова Каревска, Солза Грчева, Љубица Буралиева). Денешниов закон беше поднесен од Владата еден ден подоцна, по скратена постапка.