ДОМ повикува сите државни, локални и меѓународни институции во Македонија итно да се организираат за да се обезбеди човечки пристап кон мигрантите кои ја минуваат земјава. Тоа подразбира итна законска регулатива, но и ангажман на сите институции во склад со своите надлежности.
Ни со сегашнава регулатива не е дозволено малтретирање, ограбување, злоупотреба и сите оние страшни работи што им се случуваат на овие луѓе, зашто Македонија е потписничка на меѓународни конвенции со кои е обврзана да го заштити животот и човечкото достоинство на секој човек кој ќе се најде на нејзината територија.
ДОМ апелира до граѓаните за помош и сочуство со овие луѓе, кои бегаат од воениот виор во своите земји, на ист начин како што тоа го правеа Македонците од северниот дел на Грција по граѓанската војна во 1948-та, кога над 60.000 беа мали деца. Да не беше помошта и солидарноста на многу непознати луѓе во различни земји, тие луѓе немаше да го преживеат тој егзодус и многу од нив да се денес наши сограѓани или дел од нашата дијаспора.
Co почит,
Сектор за односи со јавноста на ДОМ