Општинската оргнизација на ДОМ Битола категорично ги демантира наводите на Томислав Стојчевски изнесени на денешната прес-конференција за наводни преминувања од ДОМ во ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту тој некогаш бил претседател на општинската организација, ниту е активен последниве три години, ниту пак членови на ДОМ од Битола преминуваат во ВМРО ДПМНЕ. Освен се разбира ако не мисли на себеси. Напротив Томислав Стојчевски уште од последните Локални избори не е активен член и работи деструктивно против интересите на општинската организација правејќи неуспешни обиди за раздор на ОО на ДОМ – Битола. ДОМ Битола и по излегувањето на ДОМ од владината коалиција продолжува да работи како независен и конструктивен субјект во склад со своите програмски заложби. Впрочем, онака како што беше изгласано на последната седница на Централниот одбор на ДОМ одржана на 7 мај 2015 година.
Сектор за односи со јавност на ДОМ- Битола