ДОМ: Институциите брзо и ефикасно да се справат со безбедносните закани

ДОМ е длабоко загрижен за настаните во Куманово и им дава недвосмислена поддршка на институциите да си ја извршат својата професионална обврска и да се справат брзо и ефикасно со безбедносните закани. Бескрајно жалиме за жртвите на овие насилни дејствија. Ова е многу опасна ситуација, независно кој стои зад престрелките и сите треба да придонесеме да се спречи натамошна ескалација. ДОМ апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на манипулации кои водат до меѓуетничка нетрпеливост и судири.

Сектор за односи со јавност на ДОМ