ДОМ: Дали за брзата сеча е “виновен“ Законот за урбано зеленило??

Скопјани добија грда честитка за Велигден во вид на сеча на дрворед кај ЗОИЛ претходната вечер, во неработен ден, на Велики Петок!

Јавно прашуваме: Дали ова брзање да се исечат преостанатите дрвја во центарот е поттикнато од договорот Законот за урбано зеленило следнава недела да влезе во собраниска процедура и конечно да се донесе? Дали и зошто некому му се брза да го исече секое дрвце, дури не стане институционално заштитена категорија со закон? Имено, изминатите денови Законот  заеднички се читаше и се усогласи на работна група со претставници од ДОМ, Градот Скопје, Паркови и зеленило, Агенцијата за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски. Инаку за Законот за урбано зеленило се бориме повеќе од 4 години, веќе 2 години е готов, и е дел од коалициониот договор за парламентарните избори 2014.

Сектор за односи со јавност на ДОМ