На дебатата во СЕП со вицепремиерот Фатмир Бесими и европратеничката Ана Заборска, на тема како до целосна родова рамноправност, Лилјана Поповска, како претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, констатираше:
„Имаме законска рамка, институционална рамка и јаки жени свесни за своите права. Што ни треба? Ни треба: борба со предрасуди и стереотипи, за да не мора жената да одбира помеѓу мајчинството и кариерата, туку државата да и овозможи баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот; борба против семејното насилство, преку ратификација на Истанбулската конвенција и повеќе средства за институционално јакнење; економско јакнење на жените преку повеќе средства за програмите кои веќе постојат; продолжување на родовите студии, заради ефикасна борба со дискриминацијата; политичко јакнење на жените преку 50% учество на листите и повеќе жени градоначалнички. ДОМ преку Форумот на жени веќе предложи зип-зап систем со 50% жени.“
Сектор за односи со јавност на ДОМ