Честитка од ДОМ за светскиот ден на Ромите

ДОМ им го честита Светскиот ден на Ромите на припадниците на оваа етничка заедница во Република Македонија, посакувајќи им успех и просперитет, како на индивидуален така и на планот на целата заедница. Во духот на своите темелни определби, ДОМ секогаш се залага за почитување на човековите права, социјалната правда и еднаквите можности за сите граѓани. Во таа смисла, Ромите во Република Македонија секогаш во ДОМ го имаат својот поддржувач и соработник.

Со почит,

Сектор за односи со јавност на ДОМ