МОДОМ избра Претседателство

Младинската организација на ДОМ (МОДОМ) на ден 29. 3. 2015 година го оддржа третото изборно собрание на кое беше избрана новата раководна структура на МОДОМ. На собранието присуствуваа 107 делегати кои ја изгласаа предлог-програмата за периодот 2015-2017 година со следниве 5 главни области на делување: екологија, човекови права, зелена економија, млади и образование, соработка со меѓународни и невладини организации.

МОДОМ изгласа нова статутарна промена според која воведува можност за избор на претседателство. Во составот на новоизбраното претседателство се следните членови: Марија Михајловска, Никола Ѓошев, Анета Поповска, Томислав Каранфиловски и Теодор Маџовски. За нов организационен секретар е избран Бојан Петровски, а за секретар Марија Скуманова. За секретари за меѓународна соработка се избрани Антонио Јовановски и Кристијан Балески.  

Новоизбраното раководство вети заложба за реализација на програмата која ќе придонесе за поквалитетни младински политики во Р. Македонија.