ДОМ го поздравува дијалогот во Брисел

ДОМ го поздравува неформалниот почеток на дијалог помеѓу власта и опозицијата во рамките на Конференцијата во Брисел. И понатаму сме убедени дека разврската на политичката криза треба да биде институционална, преку паралелни судски и политички процеси според договорен редослед.

ДОМ инсистира на дијалогот, верувајќи дека Македонија има демократски капацитет за излез од кризата. Порано или подоцна, сите избрани пратеници треба да се сретнат во Парламентот, зашто само таму може да се изгласаат измени на Изборниот законик и на други закони, што се однесуваат на текот на изборите и избирачкиот список. Конечно, само Парламентот може да го распушти овој состав и да распише избори.