Форумот на жени на ДОМ им го честита 8ми Март-Меѓународниот ден на жените, на сите жени во Република Македонија. Во оваа прилика ја изразуваме нашата поддршка на платформата Планета 50-50 до 2030 година, поставена од Обединетите нации. Предлагаме преку измени во Изборниот законик, да се обезбеди подеднаквa застапеност на жените и мажите во политиката во Република Македонија, како основа за економска и социјална еднаквост. ДОМ овој принцип веќе го практикуваше на локалните избори 2013 година, со предложени 50% жени на листите за советници.