ДОМ на регионалната конференција за климатските промени во Црна Гора

Покана на ОБСЕ – регионална канцеларија Црна Гора, Секретарот за меѓународна соработка на ДОМ, Тони Ристов,  учествуваше на Регионалната конференција “Улогата на цивилниот сектор (медиуми, НВО, почитички партии) во донесувањето и имплементацијата на јавните политики во областа на климатските промени”, што се одржа во Подгорица, а беше во организација на НВО Озон, ОБСЕ, Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора, Агенцијата за заштита на животната средина.
На конференцијата учествуваа претставници од државни институции, меѓународни организации, НВО, медиуми од Црна Гора, Босна и Хецеговина, Хрватска, Србија, Албанија и Косово.

Секретарот за меѓународна соработка на ДОМ, Ристов пред присутните зборуваше за еколошката безбедност на Балканот, како одговор на климатските промени со кои се соочени сите балкански земји. Притоа ја претстави и кампањата која ја иницираше ДОМ, а која доби поддршка од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и од 11 политички партии со зелена политичка агенда од 10 балкански земји.
Соработката меѓу земјите од регионот е од клучно значење кога станува збор за справување со последиците од климатските промени, но пред се во изнаоѓањето заеднички решенија за превенција од нив, заштитата на природните ресурси, животите и материјалните добра. Зелените покажаа дека Балканот може и знае да соработува. На ред се лидерите на државите да ја подржат нашата иницијатива, да ја продлабочат соработката и да имплементираат политики кои ќе бидат за сите.  Во изминатиот период видовме дека капацитетите на секоја земја одделно се недоволни кога треба да се справат со непогодите. Затоа и инициравме формирање на балкански фонд за еколошка безбедност – истакна Ристов во обраќањето на конференцијата.

Со почит,

Сектор за односи со јавност на ДОМ