Поповска денес на Факултетот за земјоделски науки и храна се одржа трибина на тема: „Климатските промени, живите организми и ти“ се обрати на покана на членовите на Студентскиот парламент при Факултетот за земјоделски науки и храна на Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ – Скопје. На трибината таа говореше на тема: Влијание на климатските промени врз загадувањето на животната средина и нарушувањето на природните еко-системи. Покрај неа на трибината говореа и проф. д-р Ордан Чукалиев и проф. д-р Владимир Џабирски, како и претседателот на СПФЗНХ, Бобан Пиперкоски.
Климатските промени заедно со глобалното затоплување се феномен на денешницата кој навистина постои. Тие се реален проблем кој не би смееле да го запоставуваме и покрај фактот што многумина сметаат дека станува збор само за минлива фаза на одреден дел од Земјината топка.
Климатските промени не ја одминуваат ниту Република Македонија. Сведоци сме на многубројни промени почнувајќи од несоодветните климатски појави во одредени делови од годината, појава на многу болести и штетници, како и промена на здравствената состојба кај сите видови живи организми. Како климатските промени влијаат врз животната средина и живите организми, колку се менува квалитетот на севкупниот живот и колку промената на климата влијае врз домашните животни, се само дел од прашањата кои денес беа дискутирани.
Влијанието на климатските промени има широк спектар и речиси нема сектор каде овој феномен нема оставено своевидни траги, кај кои за жал преовладува негативниот аспект.
„Климатските промени се тука. Живите организми се под нивно влијание. А, ти си дел од големиот мозаик и можеш да направиш чекор напред со што ќе придонесеш планетата Земја да го добие вистинскиот лик!“ е пораката која ја упатија студентите.