Скопје не сака токсичен чадор

skopje ne saka toksicen chador 3
skopje ne saka toksicen chador 10
skopje ne saka toksicen chador 25
skopje ne saka toksicen chador 20
skopje ne saka toksicen chador 17

ДОМ во изминатите неколку години води принципиелна кампања против загадувањето на Скопје од големите индустриски компании, како оние во Железара. Претставници на партијата имаа разговори со луѓето од компаниите, инспекторатите и сите институции надлежни за животна средина.Како партија посветена на заштита на животната средина логично е да се бараат соодветни решенија за настанатиот проблем, токму затоа и се одржа трибината „Скопје не сака токсичен чадор“, во организација на Комисијата за животна средина при ДОМ.

Во воведното излагање на трибината претседателката на ДОМ Лилјана Поповска го рече следново – Загаденоста во Скопје и низ Македонија е порасната. Ние веќе немаме желба тоа да го слушаме и да го прифаќаме. Важно е дека граѓаните, јавноста сакаат точно да знаат што се случува со Железара, што се случува со нивното здравје. Тоа е обврска што како институции ја имаме кон граѓаните врз база на нашиот Устав и врз база на Европската конвенција, која гарантира целосна информираност на граѓаните во врска со животната средина и со здравјето на граѓаните. Кога ја најавивме и ја почнавме оваа трибина, целта ни беше да добиеме јасен прецизен став од Владата дека останува старото решение за еколошко прилагодување на компаниите до 2014. Задоволни сме што во текот на подготовките за трибината, Владата јавно излезе со тој став и ние како партија, како коалиционен партнер во Владата, посветен на животната средина, тоа јавно и го поздравивме. Значи вреди позитивната борба, позитивното лобирање за здравјето на луѓето, затоа што со целата Влада се согласивме дека е покажан максимално одговорен однос кон здравјето и кон животната средина. Сега сме еден чекор понапред и можеме од денешнава трибина да разговараме како ќе го реализираме тоа еколошко ветување. Што ќе треба да направат институциите? Што ќе направат компаниите? Што се очекува од нив и до каде е со преговорите помеѓу компаниите и државата, вклучувајќи го и Министерството за животна средина, каде што тие дозволи треба да се добијат. Сега сме фокусирани на практичните чекори и потребна ни е организираност, добра волја, отвореност. ДОМ ја одигра својата улога на катализатор во процесите за рестартирање на Топлиницата во Велес и инсталирањето на нова Железарница во Неготино. Уверени сме дека ова загадување во Скопје кое трае со децении ќе престане. Дојдено е време кога нема каде да се оди, јавноста е освестена. Ова е прашање за нашето здравје и ние сите заедно мора да одлучиме. Минатиот петок се случи она што го очекувавме на наше големо задоволство Владата донесе одлука да не ги прифати барањата на најголемите инсталации во Македонија за пролонгирање на рокот за усогласување – рече Стево Темелковски, заменик министер за животна средина. Најпроблематични се оние стари инсталации или фабрики со стари технологии кои се затекнати и на нив им е даден еден период за усогласување на транзицијата во изминатиот неколкугодишен оериод (од 2005 до 2013), што секако не е мал период, иако во суштина самиот процес е долг и сложен во поставување на целата таа опрема која може да ја заштити животната средина. Како држава мораме да внимаваме да го следиме патот на одржливиот развој и да ја заштитиме животната средина, но и да не го нарушиме и да го забавиме економскиот развој. Току затоа и беше даден тој временски рок за усогласување. Секаде во светот, во законите, во светските акти на Обединетите Нации се акцентира одржливиот развој односно правење Економски развој онолку колку што се може со максимална заштита на животната средина. Од 2005 година до денес во Министерството за животна средина се аплицирани 135 апликации за добивање на А интегрирана дозвола. Затоа ставот на Владата е дециден, Април месец, 2014 година е рокот за постигнување на ваквите еколошки стандарди, а во случај тоа да не се постигне, компанија ќе сноси санкции, а санкцијата е една и единствена во законот, а тоа е клуч на врата или затворање на компанијата – истакна Стево Темелковски.

ЗАКЛУЧОЦИ од трибината „Скопје не сака токсичен чадор“

  1. Треба да се води целосно отворен и транспарентен процес на еколошко прилагодување на компаниите од кругот на Железара, како и на сите други во земјава, кои сеуште не ги исполниле обврските и продолжуваат да ја загадуваат животната средина. Затоа на јавноста треба да и бидат достапни сите информации поврзани со јавното здравје и заштитата на животната средина, во склад со нашиот Устав и Архуската конвенција.
  2. ДОМ, како партија посветена на заштита на животната средина, се обврзува да продолжи да биде максимално ангажирана за запирање на загадувањето од кругот на Железара, како и од секој дел на нашата земја.
  3. Се поздравува одлуката на владата од пред неколку дена, да не се прифати одложување на рокот за еколошко прилагодување што беше барање од големите загадувачи. Рокот останува да биде април 2014 година,с како што е предвидено со законот за заштита на животната средина.
  4. Компаниите треба ден поскоро да го започнат процесот за прилагодување и примена на еколошките стандарди, заради здравјето на вработените, околното население и животната средина.
  5. Институциите треба да ги зајакнат контролите во сите фирми кои започнале со примена на подготовките за имплементација на соодветните еколошки стандарди а секако и на оние фирми кои се во фаза на нивна примена и да бараат да се испочитуваат определените рокови за истите.
  6. Предлагаме Владата да ги разгледа можностите за поддршка на процесот на имплементација на еколошките стандарди со т.н. „меки“ кредити кои подразбираат разумни рокови за исплата и бенефицирани каматни стапки.
  7. Сугерираме поголем ангажман на сите субјекти во земјава за искористување на неискористените средства од предпристапните фондови за структурни прилагодувања и јакнење на капацитетите во животната средина.
  8. Бараме да се зголеми бројот на инспекциски надзори, да се изврши доопремување на инспекторатите со опрема и кадар, да се изврши реорганизација и двосменско работење како и организирање на дежурства на инспекциските слижби за време на државните празници.

Со почит,

Сектор за односи со јавност на ДОМ