Поповска во Крива Паланка

Преседателката на ДОМ Лилјана Поповска вчера ја посети Крива Паланка и на средба со општинската организација беше констатирано успешното работење на локално ниво и подготовките за активно учество во акцијата Македонија без отпад, што беше иницијатива на ДОМ и Ајде Македонија.

Беше истакнато и урбаното уредување на градот со новиот плоштад, како успешна реализација на градоначалникот Асенчо Алексовски.Поповска присуствуваше и на отворањето на ликовната изложба на академската сликарка Живка Коцева-Караџовска во Домот на култура во Крива Паланка, каде промотори беа директорот на домот Александар Рангелов и академскиот уметник Роберт Цветковски.